• Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”
  • Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”
  • Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”
  • Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”
  • Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”

Пуштен во употреба новиот 400/110 кВ трансформатор во ТС “Битола 2”

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Денеска во употреба беше пуштен новиот трансформатор произведен од реномираната словенечка компанија Колектор ЕТРА.Станува збор за 235 тонски енергетски апарат опремен со најсовремени уреди за контрола, заштита и надзор, со моќност од 300 мегаволт ампери.Во овој капитален проект, МЕПСО вложи 2,4 милиони евра сопствени средства.

И покрај големите потешкотии и предизвици кои ги наметна пандемијата од коронавирусот, АД МЕПСО не застанува во реализацијата на планираните проекти и инвестиции, рече пред присустниуте генералниот директор на АД МЕПСО Куштрим Рамадани. Трансформаторот е од огромно значење за снабдувањето со електрична енергија и за граѓаните и за компаниите во регионот, бидејќи се наоѓа во најважниот енергетски јазол во земјава.Во трансформаторската станица Битола 2 каде се спојува производството на електрична енергија од РЕК Битола и далекуводот кон Грција.Во скоро време од ова место очекуваме да започне изградбата на енергетскиот коридор со кој Македонија ќе се поврзе со Албанија, преку далеководот Битола –Елбасан.На граѓаните сакам да им предочам дека 3,5 до 4 % кои ги плаќаат во сметките за струја,АД МЕПСО ги вложува во нови инвестиции и одржување на преносната мрежа со цел да имаме сигурно и безбедно снабдување со електрична енергија”, додаде Рамадани.


Според министерот за транспорт и врски инвестициите во електроенергетскиот систем што се реализираат со несмалено темпо, се само доказ за стратешките одлуки во јакнењето на електроенергетскиот сектор во Р. Северна Македонија.

„Овие инвестиции и тоа како се значајни за севкупниот стопански развој на државата. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и пелагонискиот регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор. Оттука испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори. Со модернизацијата на оваа трафостаница, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби", изјави Бочварски


Според премиерот Заев,реализацијата на овој проект покажува дека и во вакви тешки времиња инвестираме во енергетика, во патишта, подземна инфраструктура.Тоа се огромни капитални проекти кои остануваат вековиште,ваквите капитални инвестиции покажуваат дека економијата живее рече Заев.
Изминатиот период присуствувам на завршени или на отпочнување на нови проекти во областа на енергетиката кои значат помош за економијата, за инвестициите, за побрз развој и за подобар стандард. Оваа недела ги потпишавме и договорите за инвестиции во Александруполи со што ја осигуруваме енергетската иднина. Праќам охрабрувачка порака до секој граѓанин, да си ги одработи осумте часа, да ја зголемиме продуктивноста, компаниите да инвестираат, пазарите и транспортот се отворени.Здружено сите можеме да го зголемиме економскиот стандард на граѓаните, рече Заев.

 


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.