Решение за одобрување на проценка на адекватност на ресурсите – 2025
Современ аналитички документ кој се изработува со цел да се процени способноста на електроенергетскиот систем да обезбеди сигурно и континуирано снабдување со електрична енергија. Проценката на адекватноста на ресурсите претставува прва ваква сеопфатна и методолошки напредна студија во Македонија, изработена во согласност со Европската методологија на ENTSO-E (ERAA). Оваа студија е клучна основа за стратешко планирање на производните капацитети, развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија, и претставува значаен исчекор во стратешкото планирање и примената на најсовремени европски практики.
Со примена на напреден пробабилистички пристап, пазарно моделирање во Antares и Монте Карло симулации, анализирани се голем број можни идни состојби на системот, при што се земени предвид климатските влијанија, варијабилноста на обновливите извори, расположливоста на производните капацитети и регионалната поврзаност. Ваквиот пристап овозможува високо прецизна и реална проценка на сигурноста на снабдувањето и поставува силна аналитичка основа за идните развојни одлуки и инвестиции.
