Оператор на преносна мрежа

Согласно лиценцата издадена од Регулаторната комисијата за енергетика во АД МЕПСО е основана подружница Оператор на преносна мрежа (ОПМ). Оваа подружница е најголема целина по обем на работа и број на вработени во составот на АД МЕПСО.

ОПМ се грижи за оперативноста и функционалноста на 2300 км. далекуводи со над 7040 столбови, на напонско ниво од 35, 110, 220 и 400kV. Се грижи за пет трансформаторски станици со девет инсталирани трансформатори со вкупно 3000 МVA на 400 kV напонско ниво и уште 52 трафостаници за кои се грижи на 110kV напонско ниво.

Организациската поставеност на подружница ОПМ се состои од кабинет на директор, пет оддели, служба за возила и одделение за БЗР

Оддел за далекуводи

Одделот Далекуводи е одговорен за функционалноста на преносната мрежа во Македонија. Оваа организациона единица одржува 2300 километри далекуводна преносна мрежа со која оперира АД МЕПСО. За реализација на овие надлежности одделот е организиран во две служби и едно одделение. Екипите се составени од стручни лица оспособени квалитетно да ја одржуваат далекуводната мрежа.

Одделот за далекуводи е составен од:

  • Одделение за подготовка на далекуводи

Активностите на ова одделение се поврзани со :

  • проекти финансирани од EIB, EBRD, Светска банка и сопствено учество на АД МЕПСО;
  • обезбедување на имотни листови и подготовка на документација за добивање на одобренија за употреба за нови објекти;
  • подготовка на тендерска документација и евалуација на понуди;
  • учество во комисии за проекти, проверка на урбанистичка проектна документација и сл. 
  • Служба за одржување на далекуводи во чиј состав се :
  • Далекуводна екипа Скопје
  • Далекуводна екипа Битола
  • Далекуводна екипа Штип
  • Далекуводна екипа Охрид
  • Одделение за мерење

Службата е одговорна за одржување на доверливото работење на далекуводите како дел од електропреносниот систем. Нивните работни задачи се состојат од редовни прегледи и ревизии на далекуводите, поправки и ставање во функција на се што е утврдено како недостаток при редовниот преглед.

Далекуводните екипи се составени од обучени членови кои се способни во најкус можен рок да извршат санирање на настанатиот дефект, без разлика на причината од која е настанат самиот дефект. Прегледите на далекуводите се вршат двапати годишно, напролет и наесен, по што следуваат соодветни ревизии.

  • Служба за одржување на коридори во чиј состав се:
  • Екипа - Скопје,
  • Екипа – Битола
  • Екипа – Штип
  • Одделение за градежно одржување - Охрид

Службата има обврска за oдржување на безбедносните растојанија на далекуводите од дрвната маса и вегетацијата која вирее во заштитните појаси од далекуводите се со цел да се спречи  нарушувањето на безбедносните растојанија и превентивно да се спречат евентуалните испади и дефекти на далекуводите.

Исто така Службата за одржување на коридори работи на расчистување на обраснати, затрпани фундаменти на стобови, како и  на поправка и одржување на пристапни патишта до далекуводните столбови.

Основните податоци за потребите за работа Службата ги црпи од извештаите од периодичните прегледи на далекуводите кои ги доставуваат ДВ екипите.
Оддел за релејна заштита
Оддел за ревитализација
Оддел за техничка контрола, одржување и испитување на трансформаторски станици
Оддел за трансформаторски станици
Служба за возила
Безбедност и здравје при работа

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.