Мисијата на АД МЕПСО е да обезбеди редовен пренос на електрична енергија од домашните производствени капацитети или од увоз до сите клиенти. АД МЕПСО постојано врши оптимизација на своите капацитети и ресурси со што ќе го обезбеди врвниот јавен интерес.

Мисија и Визија

МИСИЈА

Нашата мисија е целосно, навремено и постојано остварување на јавниот интерес – пренос на електрична енергија и управување со стабилен и доверлив електро-енергетски систем.

Мисијата на АД МЕПСО е да обезбеди редовен пренос на електрична енергија од домашните производствени капацитети или од увоз до сите клиенти на АД МЕПСО. При тоа да биде обезбедена доверлива и стабилна работа на националниот електропреносен систем.

АД МЕПСО постојано и целосно е посветен на мисијата во својот домен на работа да ги подобрува условите за работа со што дава безрезервен придонес за растот на македонската национална економија. Воедно да ги намалува сите потенцијални ризици и дава придонес за постојано подобрување на бизнис климата во земјава.

 

ВИЗИЈА

АД МЕПСО постојано врши оптимизација на своите капацитети и ресурси со што ќе го обезбеди врвниот јавен интерес: навремен и стабилен пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, а воедно да обезбедува управување со доверлив и стабилен електро-енергетски систем. За обезбедување на оптимален проток на енергија и за доверлива работа на електроенергетскиот систем АД МЕПСО стратешки планира и спроведува инвестиции во својата електро-енергетска мрежа со што постојано се зголемува и подобрува доверливоста и оперативноста на електро-енергесткиот систем.

Вредности кон кои се стремиме:

  • Транспарентна работа на компанијата;
  • Квалитетен јавен сервис за сите корисници и за граѓаните воопшто;
  • Оптимизација на сите ресурси;
  • Задоволни клиенти;
  • Заштита на животната средина;

Креирање препознатлив имиџ на општествено одговорна компанија која спроведува јавен интерес: пренос на електрична енергија и управување со електро-енергетскиот систем на Република Македонија;


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.