Сектор за правни и општи работи

Секторот за правни и општи работи:

  • ги организира и координира правните и општите работи;
  • предлага поведување постапка за донесување акти, односно измени и дополнувања на постојните акти, во согласност со законските прописи;
  • ја следи организацијата во Друштвото и дава предлози за подобрување на работењето;
  • врши застапување на Друштвото пред судовите и другите органи и им дава правна помош на подружниците и секторите на Друштвото;
  • врши решавање на имотно правните односи во конкретни постапки и евидентирање на недвижностите во државните институции;
  • изготвува предлози на акти;
  • изготвува договори и дава мислења по примени понуди и договори од правен аспект;
  • ги утврдува кадровските потреби, организира стручно усовршување и обуки на кадрите и организира повремена проверка на стручната оспособеност на работниците за обавување за вршење одредени работи;
  • му дава стручна помош на второстепениот орган, во остварувањето на правата од работниот однос;
  • ги врши административно-стручните и административно техничките работи во врска здраственото осигурување и пријавување/одјавување на вработени во   Друштвото;
  • изготвува Записник од одржаните седници на Управниот одбор на Друштвото, од одржаните состаноците на Надзорниот одбор на Друштвото и од Собирот на Содружници на МЕМО ДООЕЛ Скопје;
  • ги изготвува Одлуките и Заклучоците донесени од страна на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Собирот на Содружници на МЕМО ДООЕЛ Скопје;
  • врши други административно-стручни и административно технички работи за потребите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Собирот на Содружници на МЕМО ДООЕЛ Скопје;
  • се грижи за работната дисциплина во секторот;
  • организира и обезбедува редовно, навремено, целосно и според содржината и обликот, достапно известување и информирање;
  • го организира и следи остварувањето и функционирањето на обезбедувањето и безбедноста при работа во Друштвото;
  • соработува со организации и институции кои се занимаваат со проблематика од делокругот на работата на секторот;
  • соработува со научни институции и експерти од областа на правото;
  • соработува со соодветни сектори за правни работи во други електроенергетски компании.
  • извршува и други задачи од делокругот на своето работење.
  • врши и други работи по овластување на Управниот одбор

Сектор за правни и општи работи е организиран во следните организациони облици

Кабинет на директорот на Сектор за правни и општи работи
  • Директор
Оддел за правни работи
Оддел за имотно правни работи
Оддел за човечки ресурси
Оддел за општи работи

© 2023 МЕПСО. Сите права се задржани.