Сектор за финансиски работи

Секторот за финансиски работи:

  • го организира и координира финансиското и комерцијалното работење;
  • ја дефинира и спроведува финансиската политика на Друштвото;
  • изготвува методологија за финансиско планирање;
  • изработува финансиски планови на Друштвото и го прати нивното извршување;
  • го следи остварувањето на планот за инвестиции и планот за набавка на материјали, резервни делови, услуги и др.
  • го координира начинот и постапката за поднесување на барање за одобрување и контрола на цените;
  • ја спроведува политиката за плати преку следење на сите законски прописи и правила;
  • го следи, анализира и контролира целокупното финансиско работење;
  • ги формулира и спроведува сметководствените политики;
  • изготвува периодични и годишни сметки;
  • ја организира и обезбедува книговодствената евиденција на друштвото, согласно меѓународните стандарди за финансиското известување (ИФРС);
  • обезбедува извори на финансирање за работењето;
  • спроведува политика на планирање на финансиските средства преку заеднички вложување со други Друштва, кредитирање и друго;
  • ја организира работата со сите меѓународни и домашни финансиски институции;
  • го организира и координира работењето со паричните средства, хартиите од вредност и девизните средства;
  • ја спроведува даночната политика на друштвото, согласно законските прописи;
  • го осигурува имотот на Друштвото од ризици и опасности;
  • организира стручни состаноци со секторите и подружниците, од областа на финансиското работење;
  • соработува со меѓународни и домашни институции и организации кои се занимаваат со делокругот на работата на секторот;
  • се грижи за работната дисциплина во секторот;
  • ги организира и координира работите во соодветните оддели и служби во друштвото;
  • организира и спроведува рекламни кампањи, и подготвува маркетиншки материјали за едукација и информирање;
  • изготвува информации од работата на секторот, дава насоки и предлози за изработка на соодветни планови од областа на комерцијалното работење, врши анализа на проблематика од таа област;
  • се грижи за примена на законските прописи и акти за целокупното комерцијално работење;
  • соработува со организации и институции кои се занимаваат со проблематика од делокругот на работата на Секторот;
  • го координира изготвувањето и го предлага донесувањето на Годишниот План за јавни набавки на ниво на Друштвото;
  • објавува јавни повици и организира тендерски постапки;
  • врши јавни набавки на работи, стоки и услуги за потребите на Друштвото;
  • ги координира активностите на останатите организациони делови на АД МЕПСО Скопје, во поглед на спроведувањето на јавните набавки;
  • комуницира со државни органи заради соодветна примена и почитување и спроведување на Законската регулатива;
  • изготвува разни извештаи прегледи и анализи од областа на комерцијалното работење;
  • врши активности поврзани со увоз на стока, опрема и услуги за потребите на Друштвото,
  • врши прием преглед обработка комплетирање и проследување на пристигнатите фактури;
  • учествува во вршењето на интерни контроли во Друштвото од доменот на комерцијалното работење и спроведувањето на Законот за јавни набавки;
  • до соодветните државни органи, агенции, комисии и други тела, дава свои предлози, сугестии и мислења при изготвувањето на соодветна законска и подзаконска регулатива;
  • учествува во подготовката на соодветни акти на Друштвото и воедно се грижи за спроведување на актите на Друштвото;
  • извршува и други задачи од делокругот на своето работење;
  • врши и други работи по овластување на Управниот одбор.

Сектор за финансиски работи е организиран во следните организациони облици

Кабинет на директорот на Сектор за финансиски работи
  • Директор
Оддел за финансиски работи
Оддел за комерцијални работи
Оддел за сметководство

© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.