• АД МЕПСО дел од глобалната акција
  • АД МЕПСО дел од глобалната акција

АД МЕПСО дел од глобалната акција "Час на планетата Земја"

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Со симболично исклучување на електричната енергија од логото на компанијата и на рефлекторите кои ја осветлуваат зградата на Дирекцијата во центарот на Скопје, вчера 27 март од 20.30 до 21.30 часот, АД МЕПСО се приклучи на глобалната акција "Час на планетата Земја".

Во оваа најголема еколошка акција која се спроведува дванаесет години по ред, во мрак беа повеќе од 180 земји и над 7000 градови низ светот со што милиони луѓе виртуелно се обединија во испраќање порака за солидарност со проблемите со кои се соочува нашата планета.
Во рамки на акцијата се одржа дигитална климатска конференција, под мотото "Дали природата го возвраќа ударот" за да се испрати порака на надеж да се дејствува против уништувањето на природата  на сличен начин како што се прилагодивме да живееме и дејствуваме против пандемијата со КОВИД -19.

Акцијата" Час на планетата Земја" , започна како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.