Службеник за усогласеност

М-р Александар ЧЕБОТАРЕВ
Службеник за усогласеност на     АД МЕПСО Скопје

chebotarev[at]mepso.com.mk

тел. 072 805 223

Службеникот за усогласеност (Compliance Officer) е именуван од органот на надзор на операторот на електропреносниот систем (види Одлука), по претходно Одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Постапката за именување и разрешување, мандатот, делокругот на работа, работни обврски и овластувања, правата и обврските во однос на едукација и обука на вработените, забрана за вршење на друга професионална дејност, слободен пристап на информации на службеникот за усогласеност на АД МЕПСО-Скопје е пропишана со Правилникот за работењето, овластувањата, правата и обврските на службеникот за усогласеност.

Службеникот за усогласеност, ја следи реализацијата на Програмата, од аспект на:

  • независност, транспарентност, објективност и непристрасност во работењето на АД МЕПСО - Скопје,
  • оневозможување на дискриминација на корисниците на електропреносниот систем по било кој основ,
  • доверливост на деловните податоци на корисниците на електропреносниот систем,
  • координација и соработка на АД МЕПСО - Скопје со други оператори на електроелектроенергетски системи, размена на податоци со операторите на други електропреносни системи и учество во работата на регионални и меѓународни организации,
  • едукација и информирање на Управниот одбор на АД МЕПСО - Скопје и Надзорниот одбор на АД МЕПСО - Скопје и вработените на АД МЕПСО - Скопје во врска со постапување во согласност со начелата за независност, танспарентност и непристраност.

Службеникот за усогласеност е должен до Надзорниот одбор на АД МЕПСО - Скопје и Регулаторната комисија за енергетика да доставува годишни извештаи за спроведувањето на Програмата за усогласеност и за преземените мерки за нејзиното спроведување, како и за значителни прекршувања во спроведувањето.

Решение за одобрување на Годишниот извештај од РКЕВУ.

Решение за одобрување на Годишниот извештај од РКЕВУ.


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.