АД МЕПСО обезбедува ефикасна комуникација и размена на податоци помеѓу НДЦ (Национален диспечерски центар) и електроенергетските постројки.

Сектор за Информатичка технологија и за Телекомуникации

Секторот за информатичка технологија и телекомуникации:

  • Ги организира и координира работите во секторот и соодветните оддели и служби во Друштвото од аспект на информациони технологии и телекомуникации;
  • Ги врши работите што се однесуваат на следење и обработката на прашањата што се сврзани со организацијата и развојот на информациониот систем од областа на информациониот и телекомуникацискиот систем на Република Македонија и предлагање на мерки за нивно унапредување;
  • Одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите од делокругот на Секторот;
  • Непосредно извршува најсложени работи и задачи од областа на информатиката;
  • Врши стручна обработка на прашањата од областа на информатиката;
  • Предлага ставови по начелни системски прашања во врска со проблемите од делокругот на Секторот и иницира нивно решавање;
  • Ги следи и проучува теоретските и практичните искуства во земјата и во странство за работите од областа на Секторот;
  • Изработува на нацрти и предлози на процедури во врска информационите технологии и во врска електронското движење на документите во Друштвото
  • Врши надзор и контрола на функционирањето на целокупниот хардвер, мрежната и комуникациска опрема;
  • Врши надзор и контрола на функционирањето на апликативниот софтвер;
  • Се грижи за сигурноста на системот;
  • Учествува во изборот на хардверската опрема;
  • Учествува во изборот на апликативен софтвер;
  • Се грижи за функционирањето на SDH мрежата за пренос на податоци и VF врските по далноводи;
  • Ги одржува TMN апликациите за надзор на мрежата за пренос на податоци;
  • Одговорен е за одржување на локалните VF системи во трансформаторските станици како и прибирање, ажурирање и архивирање на податоци за истите;
  • Се грижи за функционирањето на Оптичката мрежа (заштитно земјоводно јаже со интегрирани оптички влакна - OPGW и подземни оптички кабли) и помошната опрема;
  • Одговорен е за отстранување на сите хаварии на оптичката мрежа кои ќе се појават во текот на експлоатацијата како и за прибирање, ажурирање и архивирање на податоци за истата;
  • Се грижи за функционирањето на примарната мрежа од насочени радио релејни врски, PDH мултиплексната опрема како и за системите за непрекинато напојување на телекомуникационата опрема;
  • Се грижи за непречено функционирање на радио мрежата и системите за видео надзор и напојување
  • Одговорен е за одржување на локалните радио релејни системи и радио станиците од Републичката радио мрежа во трансформаторските станици како и прибирање, ажурирање и архивирање на податоци за истите;
  • Одговорен е за одржување на локалните PDH мултиплексни системи и системите за напојување во трансформаторските станици како и прибирање, ажурирање и архивирање на податоци за истите;

 

Сектор за ИТ ТК е организиран во следните организациони облици

Кабинет на директорот на ИТ ТК
  • Директор
Оддел за Информациски Технологии
Оддел за Телекомуникации

© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.