Месечна аукција за aFRR и mFRR балансен капацитет за мај 2021 година

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.

Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 14.12.2020 (понеделник) одржа годишна аукција за aFRR балансен капацитет. На оваа аукција не се пријави ниту еден давател на балансни услуги.Оттогаш, АД МЕПСО воведува дополнителни месечни аукции за набавка на aFRR балансен капацитет за секој месец од 2021 година, со цел обезбедување системски услуги за задржување на сигурноста на системот. Количините за набавка остануваат како што се објавени на web страната на АД МЕПСО во делот на Пазар на балансна ЕЕ, за секој месец соодветно. 

Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 15.04.2021 (четврток) ќе одржи: 

     -   Месечна аукција на aFRR балансен капацитет за месец мај 2021 година

     -   Месечна аукција на mFRR балансен капацитет за месец мај 2021 година 

 Поради технички проблеми, ОЕПС ќе ги спроведе месечните аукции согласно Член 12 став (4) од Правилата за балансирање. Сите даватели кои ќе учестуваат на аукцијата се должни на 15.04.2021 година, точно во 14:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. На сите даватели на балансни услуги по email ќе им биде испратен урнек за месечните аукции за набавка на  aFRR и mFRR балансен капацитет за месец мај.

GOT (Gate opening time) – 14:00 h
GCT (Gate closure time) –   14:00 h


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.