Зајакнување на преносната мрежа во Југоисточниот дел

Опис на проектот

Главната цел на проектот е зајакнување на преносната мрежа во југоисточниот дел на државата. Проектот се состои од две компоненти:

  • Проектирање, градба и пуштање во работа на нова 400/110 трансформаторска станица во близина на селото Милетково. Новата трансформаторска станица ќе биде поврзана со постојната 110 kV мрежа преку постојната ТС Валандово додека со 400 kV мрежа ќе биде поврзана преку влез/излез на постојниот 400 kV далекувод ТС Дуброво – ТС Солун.
  • Реконструкција на постојната 110 kV мрежа на коридорот ТС Валандово – ТС Струмица 2 – ТС Струмица 1 преку нејзина надградба на постојните далекуводи и делумно каблирање во урбаната зона на градот Струмица.

Цел на проектот

Со цел да се постигнат целите на Европската Унија за интеграција на обновливи извори на енергија, нашата држава прави напори за да ја зголеми интеграцијата на овие извори во националниот преносен систем. Имајќи ги во предвид поволните климатски услови инвестициите во обновливи извори на енергија (ветер, сонце и хидроенергија) се економски најпогодни во југоисточниот дел на државата. Од тука е за очекување дека најголем дел од инвестициите за искористување на обновливите извори на енергија ќе бидат лоцирани во овој регион (Илустрацијата долу).

Илустрација 1 Македонската преносна мрежа во среднорочен хоризонт и областа на проектот (со зелена боја)

Од друга страна преносната мрежа во југоисточниот дел (110 kV коридор Дуброво – Валандово – Струмица 2 – Струмица 1, приближна должина од 57 km) се ближи кон крајот на својот животен век од една страна додека од друга страна е ограничена со својот преносен капацитет да ги прифати обновливите извори на енергија. Како дополнение, во среднорочните планови, би се појавиле критични испади со голем ризик во однос на снабдувањето со електрична енергија.

Од тука главните цели на проектот се:

  • Зголемената сигурност во снабдувањето со електрична енергија
  • Сигурно и доверлива интеграција на обновливи извори на енергија во југоисточниот дел, што би довело и до намалена емисија на CO2.
За изработка на Студијата за оправданост како и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина, е добиен грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
План за вклучување на заинтересирани страни
Образец за поплаки
Брошура

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.