Работен состанок на АД МЕПСО и бугарскиот преносен систем оператор ЕСО

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани и директорот на ОЕПС, Борко Алексоски денеска во Софија се сретнаа со претставници од бугарскиот електропреносен систем оператор ЕСО, предводен од ген.директор Ангелин Цачев и директорот на управување Димитар Зарчев.

Темите кои беа во фокусот на разговорите се однесуваа на идната соработка меѓу МЕПСО и ЕСО во насока на доделување на прекуграничните капацитети на македонско-бугарската граница и нејзино приклучување кон ЈАО ( Joint Allocation Office) во Луксембург или САО ( Coordinate Auction Office) во Црна Гора. Во духот на добрата меѓусебна соработка на двата електропреносни оператори се разменија информации за чекорите што треба да се преземат во делот на проектот за поврзување на пазарите на електрична енергија по системот “купување ден однапред” како и за можната соработка помеѓу преносните оператори на двете земји во текот на престојната зимска сезона особено во случаи на испади и дополнителни потреби од електрична енергија.

 

 


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.