КОНКУРС за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Техничкиот факултет Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратено: АД МЕПСО), со седиште на ул.„Максим Горки“ бр.4, 1 000 Скопје постапувајќи по Одлуката на Управниот одбор на Друштвото УО бр. 02-4964/8-4  од 15.09.2022 година, во согласност со Меморандумот за соработка, склучен помеѓу АД МЕПСО Скопје и Техничкиот факултет во Битола бр.03-5292 од 30.09.2022 година, на ден -------- .2022 година распишува:

 

КОНКУРС

за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Техничкиот факултет Битола

при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола

 

Право на учество на конкурсот имаат само редовни студенти на Техничкиот факултет Битола кои се запишани за првпат, во втора и во трета година студии во академската 2022/2023 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во
    втора и во трета година на студии во академската 2022/2023 година;
  • просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0
    (осум);
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
    институција или компанија;
  • да е државјанин на Република Северна Македонија.

 

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од
3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД МЕПСО Скопјеи 1 (еден) член
од Техничкот факултет од Битола.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе
биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното
интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:

  • максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до
    датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
  • резултати од реализираното интервју, најмногу 30 поени.

 

Вкупниот износ на годишната стипендија изнесува 80.000,00 денари, и се состои од две полугодишни исплати од по 40.000 (четриесет илјади) денари. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

 

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон.

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:

  • Копија од документ за лична идентификација,
  • CV мотивациско писмо;
  • Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Технички факултет Битола - Универзитет „Св.Климент Охридски“ во Битола;
  • Потврда издадена од Технички факултет Битола дека кандидатот е запишан во II-ра или III-та студиска година на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, во студиската 2022/2023 година;
  • Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од МЕПСО;

 

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

 

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса:

 

АД МЕПСО во државна сопственост Скопје

   Ул.„Максим Горки“ бр.4,

1000 Скопје, Р.С.Македонија


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.