АД МЕПСО е учесник на конференцијата посветена на транзиција кон обновливи извори на енергија организирана од страна на Македонското здружение за обновливи извори на енергија, МАРЕС. На конференцијата експерти од индустријата, претставници од Владата, Енергетската заедница
, Регулаторната комисија и енергетски компании од земјава и регионот, разменуваа идеи и резултати од направени истражувања во насока на подобрување на деловното опкружување, поттикнување на поврзаноста и соработката меѓу инвеститорите во зелена енергија, како и застапување за еколошки одговорни практики во секторот.
Во рамки на панелите посветени на зелената транзиција, организирање на пазарот на електрична енергија, системите за складирање на енергија и предизвиците за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија, во делот посветен на електроенергетската мрежа како клучен фактор во целиот процес, свое обраќање имаше и Елизабета Силјановска Атанасова, раководител за поврзување со преносна мрежа, АД МЕПСО.