СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста АД МЕПСО е должно да го дообјасни делот од извештајот на ДЗР кој се однесува на побарувањата на фирмите трговци-БОС.

Како што е познато, во втората половина на 2021 година, во ек на најголемата енергетска криза, цената на електричната енергија на глобалните пазари почна вртоглаво да расте, што доведе до големи дебаланси во електроенергетскиот систем од страна на неколку фирми трговци со електрична енергија- БОС, па и прекини на испорака на договорени количини елекрична енергија.

Ваквата состојба предивика потешкотии и во однос на наплатата на побарувањата на дел од БОС-овите.

Секторот за финансиски работи, по добиените известување од одржаните состаноци на Подружницата ОЕПС со БОС – овите ( фирми трговци со електрична енергија) констатира дека ќе биде исклучително тешко да се наплатат побарувањата од дел од Балансно одговорните страни. Од таа причина беа направени Договори за репрограмирање на побарувањата согласно Уредбата на Владата за кризни состојби ( СЛ.246 од 02.11.2021 год)  кои се со период на отплата подолг од една година.

Од тие причини АД МЕПСО процени дека е потребно да се направи сметководствена операција, резервирање на трошоци за вредносно усогласување на ненаплатени побарувања, што не значи  отпис на побарувањата како што се презентира во јавноста, односно .

АД МЕПСО ги презел сите мерки за наплата односно за сите БОС-ови кои должат, покрената е судска постапка и нивните жиро сметки се блокирани пред надлежен извршител.

АД МЕПСО направи резервација во насока на тоа да искаже пореален финансиски резултат на крајот на годината бидејќи тој резултат има клучно влијание за висината на преносната тарифа која ја утврдува РКЕ врз основа на финансискиот резултат на МЕПСО (висината на приходите и расходите како и добивката). Апликацијата кон РКЕ за преносна тарифа, МЕПСО ја достави во мај 2022 г. а РКЕ одлучи во јуни 2022. Доколку до Регулаторната Комисија за Енергетика не се достават реални финансиски податоци за остварената добивка на компанијата, тоа на крајот ќе влијае на висината на преносната тарифа со која во наредната година треба да работи МЕПСО. Во услови кога беше утврдена ненаплатливост на побарувањата наведени во Извештајот, а имајќи го во предвид тајмингот за Апликација за преносна тарифа до регулаторот, АД МЕПСО одлучи да направи резервација.

Уште еднаш нагласуваме дека посочените побарувања се евидентирани во деловните книги на АД МЕПСО и во ниту еден случај не се отпишани.

Следствено на препораките на ДЗР точка 4.3.11 од конечниот извештај во однос на вредносното усогласување односно резервирање на средства, АД МЕПСО продолжува со активности за наплата на ненаплатените парични побарувања.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.