• Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” -Штип
  • Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” -Штип
  • Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” -Штип
  • Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” -Штип

Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот “Гоце Делчев” -Штип

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО и Универзитетот “Гоце Делчев”од Штип, потпишаа Меморандум за соработка со кој ја утврдуваат рамката во која во иднина ќе ги реализираат работите кои де факто се од заеднички интерес. Императив за АД МЕПСО е можноста што им ја нуди на студентите да направат споредба меѓу наученото и праксата, да стекнат искуство и знаење од професионалци и свои колеги.

Меморандумот опфаќа неколку точки, меѓу кои се: соработка во реализација на едукативно образовни програми и практична работа, работа на развојно-истражувачки проекти преку соработка со експерти и професионални тимови од АД МЕПСО и од Универзитетот, како и стипендирање на тројца студенти од прв, втор, и трет циклус на студии.

“АД МЕПСО има долгогодишна востановена практика да го поддржува образовниот процес и создавањето на кадри кои се веќе дефицитарни и неопходни на пазарот на труд, особено во делот на електротехниката и машинството. Стипендиите, праксата и можностите за вработување во нашата компанија, би сакале да бидат поттик во професионалната профилација и животна перспектива на секој од студентите, истакна ген.директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди

АД МЕПСО безрезервно вложува во нови кадри кои се надеваме дека еден ден, наместо надвор од државата, своја професионална исполнетост ќе најдат токму во нашата компанија.

Соработката со Универзитетот “Гоце Делчев” е само еден од начините за да го постигнеме тоа.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.