Конкурс за доделување на 3 ( три) стипендии за студенти на Државниот Универзитет во Тетово

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратено: АД МЕПСО), со седиште на ул. „Максим Горки“ бр. 4, 1 000 Скопје постапувајќи по Одлуката на Управниот одбор на Друштвото УО бр. 02-2058/7  од 28.03.2023 година, во согласност со Меморандумот за соработка, склучен помеѓу АД МЕПСО и Универзитетот во Тетово бр.03-7184 од 28.12.2022 година распишува:

 

К О Н К У Р С

за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитетот во Тетово

 

Право на учество на конкурсот имаат само редовни студенти на Универзитетот во Тетово кои за прв пат се запишани на трет, петти или седми семестар во академската 2022/2023 година на студиската програма компјутерски науки  или студиската програма махатроника, и кои ги исполнуваат следните критериуми:

 

  • да е редовен студент за прв пат запишан на трет, петти или седми семестар во академската 2022/2023 година;
  • просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8,00
    (осум);
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
    институција или компанија;
  • да е државјанин на Република Северна Македонија.

 

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го врши Комисија за стипендирање составена од
3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД МЕПСО и 1 (еден) член
од Универзитетот во Тетово.

 

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе
биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање и резултатите од реализираното интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:

 

  • максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до
    датумот на аплицирање (најмногу 70 поени);
  • резултати од реализираното интервју (најмногу 30 поени).

 

Вкупниот износ на годишната стипендија изнесува 80.000,00 денари, и се состои од две полугодишни исплати од по 40.000 (четриесет илјади) денари. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

 

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење, контакт телефон и e-mail адреса.

 

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави:

 

  • копија од документ за лична идентификација (на копијата своерачно да се потпише и да напише дека е согласен документиот и податоците од истит АД МЕПСО да ги користи за потребите на конкурсот);
  • CV мотивациско писмо;
  • Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Универзитетот во Тетово;
  • Потврда издадена од Универзитетот во Тетово дека кандидатот е запишан на трет, петти или седми семестар во академската 2022/2023 година ;
  • своерачно потпишана Изјава дека не е корисник на друга стипендија или дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од АД МЕПСО;

 

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

 

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на АД МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса:

 

АД МЕПСО Скопје

Ул.„Максим Горки“ бр.4,

1000 Скопје, Р.С.Македонија


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.