• Соопштение за јавност
  • Соопштение за јавност
  • Соопштение за јавност
  • Соопштение за јавност
  • Соопштение за јавност
  • Соопштение за јавност

Соопштение за јавност

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани заедно со дел од проектниот тим денеска извршија увид во текот на градежните работи на проектот за изградба на 400  kV далекувод со кој Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија.

Работната посета се реализираше во Пелагонија, на делот од трасата на далекуводот од ТС Битола 2 кон Ресен, на столбните места каде изведувачот Енергоинвест од Сараево и домашната компанија Мобинстал како подизведувач, работат на поставување на фундаментите од столбовите на далекуводот.

Иако изведбените активности не се одвиваат со очекуваната динамика на работа, главно поради воениот конфликт во Украина и пандемијата COVID 19 кои доведоа до голем пораст на цените на материјалите и услугите и проблеми во реализацијата на проектите, сепак набавката на опремата за овој проект, а особено за 400/110 kV трансформаторската станица Охрид, се одвива со несмалено темпо.

Ставајќи фокус на изградбата на оваа интерконекција како стратешки проект од енергетскиот коридор исток-запад, АД МЕПСО ја потврдува својата целосна посветеност за изградба на стабилен електропреносен систем во државата.

Инвестицијата за која од страна ЕБОР и на  WBIF се обезбедени 17,2 милиони евра, се смета за чекор напред кон енергетска транзиција и кон енергетска безбедност на земјата и регионот.

Стратешкото планирање и управување со инвестициите во преносната електроенергетска мрежа кои вклучуваат модернизации на постројки, изградба на нови далекуводи и трафостаници ќе продолжи и за време на зимскиот период со единствена цел да обезбедиме доверливо снабдување со електрична енергија бидејќи енергетиката е столбот за развој на економијата а проектите од ваков тип значат голема помош за економијата, за инвестициите, за поголем и побрз развој и повисоки плати.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.