• Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти
  • Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти
  • Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти
  • Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти

Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во насока на искористување на добрите временските прилики, деновиве во ТС Битола 2 се вршат засилени ремонтни активности согласно договорот за ревитализација на високонапонската опрема во оваа трафостаница. Овој проект опфаќа замена на 67 раставувачи на 400 kV и 110 kV напонско ниво,  замена на 114 потпорни изолатори и поставување на 75 мерни трансформатори на 110 kV напонско ниво а во моментов се работи на реконструкција на 400 kV поле  на енергетскиот трансформатор број 2.

Секако дека не е лесно во услови на кризи од секаков тип, да се држи чекорот со планираните инвестиции, но со упорност, посветеност  и труд на АД МЕПСО и  на изведувачот на проектот Далекувод од Загреб, во рок се завршени активностите на 400 kV полиња од ТС Битола 2 до ТС Мелити Грција,  oд ТС Битола 2- ТС Скопје 4,oд ТС Битола 2- ТС Дуброво, oд ТС Битола 2- ТЕЦ Битола (Блок 3) и трафо полето ТР.1  ТС Битола 2-400/110кV.

Со овој процес на модернизација и реконструкција на 400/ 110 kV трафостаница Битола 2, на долг рок не само што ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенергетскиот систем, туку новата опрема треба да ги сведе на минимум и ризиците од испади или дефекти. Во услови на енергетска криза дополнително е важно што со новата високонапонска опрема значително ќе се намалат трошоците што АД МЕПСО ги има за одржување на оваа трансформаторска станица.

Проектот за рехабилитација на ТС Битола 2 е со вредност од 3,18 милиони евра од кои 2,2 милиони се сопствени средства на МЕПСО а останатите се заем од ЕБОР.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.