АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД И АД МЕПСО распишуваат конкурс за стипендирање на студентите од електроенергетските студиски програми

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се:

  1. Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прв или трет семестар во учебната 2021/2022 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).
  2. Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
  3. Просекот на студентот до датумот на аплицирање да е 8,00 или повисок од 8,00
  4. Студентот да е државјанин на РСМ.

Потребни документи за апликација:

  1. Потврда за редовно запишан студент и уверение за реализиран просек и реализирани кредити (до датумот на аплицирање).
  2. Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
  3. Соодветно потполнета апликација, мотивациско писмо, копија од диплома за завршено средно образование, копии од дипломи за посета на курсеви, потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8,00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија.

Сите потребни документи треба да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Рокот за поднесување документи е до 7.10.2022 година.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.