Месечна аукција за aFRR и mFRR балансен капацитет за септември 2022 година

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.

Согласно постапката опишана во Правила за набавка на aFRR балансен капацитет и балансна енергија и Правила за набавка на mFRR балансен капацитет и балансна енергија, ОЕПС на 11.08.2022 (четврток) ќе спроведе:

- Месечна аукција за набавка на aFRR балансен капацитет за месец септември 2022 година

- Месечна аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец септември 2022 година 

Количините за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет за септември 2022 се објавени на веб страната на АД МЕПСО.

Поради тоа што ММС интернет платформата има технички проблеми, ОЕПС ќе ја спроведе месечната аукција за набавка на aFRR балансен капацитет и месечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет согласно Член 12 од Правилата за балансирање. Сите даватели на балансни услуги кои ќе учествуваат на аукцијата се должни на 11.08.2022 година, точно во 12:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: balancing[at]mepso.com.mk.

GOT (Gate opening time) – 12:00 h

GCT (Gate closure time) – 12:00 h


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.