ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и за жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатната земјоделска опрема, во близина на далеководи од преносната мрежа.

  • Не поминувајте под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација
  • Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси
  • Не ги кревајте во височина( вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија  и се изложувате на огромен ризик
  • Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот
  • Не палете стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем

Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Не загрозувајте го сопствениот живот и животите на тие што се наоѓаат во ваша близина!

Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!


© 2022 МЕПСО. Сите права се задржани.