За само 25 дена со сопствени сили и резервни столбови, завршена е поправка на 110kV далекувод бр. 198 ТС Скопје1- ТС Вруток. Имено, на 18.06.2022 после силно невреме беа паднати четири столба. Далекуводните екипи од Скопје и Охрид веднаш пристапија кон обезбедување на местото и отпочнување на градежно- монтерски работи. Санацијата заврши во рекорден рок и на 12.07.2022 далекуводот е пуштен во функција.
Завршена е поправката на 110 kV далекувод Тс Скопје-ТС Вруток
- Посети: 702