• Работна средба помеѓу Генералниот Директор на АД МЕПСО, Orhan Murtezani и делегацијата на ЕБОР, предводена од Lars Jamten, Директор за набавка и имплементација

Работна средба помеѓу Генералниот Директор на АД МЕПСО, Orhan Murtezani и делегацијата на ЕБОР, предводена од Lars Jamten, Директор за набавка и имплементација

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во просториите на АД МЕПСО во Скопје, на 14.06.2022 се одржа работна средба помеѓу Генералниот Директор на АД МЕПСО, г-дин Orhan Murtezani и делегацијата на Европската Банка за Обнова и Развој, предводена од г-дин Lars Jamten, Директор за набавка и имплементација. Средбата се одржа во пресрет на новите инвестиции кои што АД МЕПСО ќе започне наскоро да ги спроведува, како и за тековните аранжмани помеѓу АД МЕПСО и ЕБОР околу значајните капитални инвестиции во енергетскиот сектор, кои се во реализација.

На средбата АД МЕПСО ги презентираше тековните проекти поддржани со финансиски средства од заеми од ЕБОР, кои се реализираат во услови на здравствена, воена, енергетска и економска криза.  Проектите на “Интерконекција Македонија-Албанија Фаза 1“ и “Ревитализација и модернизација на преносната мрежа и управување со електроенергетскиот систем“ се насочени кон надоградба, ревитализација и модернизација на електро-енергетскиот преносен систем на РСМ.

Работната средба заврши со посета на 400 kV ТС Скопје 4, проект кој е во завршна фаза на комплетната рехабилитација на трансформаторската станица, исто така поддржан од ЕБОР.


© 2022 МЕПСО. Сите права се задржани.