• НОСБиХ во официјална посета на АД МЕПСО

НОСБиХ во официјална посета на АД МЕПСО

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО, г-н Orhan Murtezani , директорот на ОЕПС г-н Борко Алексоски и директорот на ИТ, г-н Гоце Талевски беа домаќини на бордот на директори на Независниот систем-оператор на Босна и Херцеговина, НОСБиХ предводен од директорот др. Ахмед Ахмиќ.

На работната средба што се одржа во просториите на нашата компанија, менаџерските тимови на двата електропреносни систем-оператори од Р.С. Македонија и БиХ како земји потписнички на Договорот за основање на Енергетската Заедница, разменија искуства и информации од доменот на оперативното работење и соработката на систем-операторите од регионот на југоисточна Европа, во насока на исполнување на обврските превземени со членството во ENTSO-Е.

Во духот на натамошна добра меѓусебна соработка на АД МЕПСО и НОСБиХ, беа разменети искуства од работењето во екот на пандемијата од КОВИД-19 и енергетската криза, потоа информации во врска со тековните и идни инвестициски активности и проекти на двете компании, а се говореше и за нови можности за соработка меѓу електропреносните систем-оператори.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.