Набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет за месец јуни 2022 година

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.

Согласно Правилата за изменување и дополнување на правилата за балансирање на ЕЕС кои се објавени во службен весник со бр. 289 од 22.12.2021, ОЕПС спроведува месечни аукции за набавка на aFRR балансен капацитет и mFRR балансен капацитет за секој месец одделно од 2022 година.

Согласно постапката опишана во Правила за набавка на aFRR балансен капацитет и балансна енергија и Правила за набавка на mFRR балансен капацитет и балансна енергија, ОЕПС на 16.05.2022 (понеделник) ќе спроведе:

- Месечна аукција за набавка на aFRR балансен капацитет за месец јуни 2022 година

- Месечна аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец јуни 2022 година 

Поради тоа што ММС интернет платформата има технички проблеми, ОЕПС ќе ја спроведе месечната аукција за набавка на aFRR балансен капацитет и месечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет согласно Член 12 од Правилата за балансирање. Сите даватели на балансни услуги кои ќе учествуваат на аукцијата се должни на 16.05.2022 година, точно во 12:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: balancing[at]mepso.com.mk. На сите даватели на балансни услуги по email ќе им биде испратен урнек за месечната аукција за набавка на aFRR балансен капацитет и месечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец јуни.

GOT (Gate opening time) – 12:00 h

GCT (Gate closure time) – 12:00 h


© 2022 МЕПСО. Сите права се задржани.