Екипите на одделот за одржување на далекуводи во АД МЕПСО го санираа хаварисаниот столб на 110 kV далекувод бр. 144 од ТС Самоков до ТЕ Осломеј.
Поради обилните врнежи од мокар и тежок снег, што го зафатија овој регион од земјата, дојде до оштетување на столб кој се наоѓа на 1700 метри надморска височина.
Со топење на снеговите, се создадоа реални можности стручните екипи да излезат на терен и да го санираат проблемот.
Демонтиран е паднатиот столб и на негово место, рачно е поставен нов, затоа што на тој терен нема можност да пристапи дигалка.
Целиот процес траеше пет дена и од вчера овој 110 kV далекувод е пуштен под напон.