• Бугарска делегација предводена од премиерот Петков во работна посета на изградбата на енергетската врска од Коридорот 8, 400 kV далекувод Битола –Елбасан

Бугарска делегација предводена од премиерот Петков во работна посета на изградбата на енергетската врска од Коридорот 8, 400 kV далекувод Битола –Елбасан

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
Генералниот директор на АД МЕПСО г-н Orhan Murtezani и министерот за надворешни работи г-н Бујар Османи остварија работна средба со висока делегација од Република Бугарија на чело со премиерот Кирил Петков. На средбата што се одржа во ТС Битола 2  гостите се запознаа со динамиката и бенефитите од изградбата на 400  kV далекувод како дел од паневропскиот Коридор 8 со кој Република Северна Македонија енергетски ќе се поврзе со Република Албанија .

Изградбата на овој капитален проект е последната алка од реализацијата на енергетскиот коридор исток-запад со што регионот добива нова електроенергетска врска преку која, како што рече директорот Муртезани, произведената електрична енергија во Бугарија и во Северна Македонија ќе може да се извезува  во Албанија и Италија по драстично скратени преносни патишта и со помали трошоци од досега.

Подобрата поврзаност е преодна фаза кон подобра заедничка иднина. Ваквите инвестиции се стратешки приоритет на сите влади затоа што овозможуваат поголема поврзаност меѓу државите долж Коридорот 8, меѓу постојните и идните членки на ЕУ и отвораат поголеми можности за економиите на сите три земји. Северна Македонија е клучниот транзитен центар на Коридорот 8 за поврзување на Јадранското и Црното море. Со ваквите капитални проекти, не само што учествуваме во развојот на регионалниот пазар на електрична енергија и зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија туку стимулираме повеќе инвестиции, ги продлабочуваме добрососедските односи со Бугарија и Албанија и ги потврдуваме заедничките цели и интереси во насока на развој и интеграција на регионот, рече на денешната средба директорот Муртезани.

Камен темелникот на новиот 400 kV далекувод Битола-Елбасан беше поставен пред речиси два месеца и сега,во стабилизирани временски услови, градежните активности продолжуваат со несмалено темпо. Новиот далекувод е со должина од 97 километри и ќе биде поставен на 260 челично решеткасти столбови.Инвестицијата изнесува 17,22 милиони евра заем од ЕБОР и грант од  WBIF.,

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.