• М-р Куштрим Рамадани на одбележување на 15 год. од основањето на КОСТТ

М-р Куштрим Рамадани на одбележување на 15 год. од основањето на КОСТТ

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
Генералниот директор на АД МЕПСО м-р Куштрим Рамадани, присуствуваше на одбележувањето на 15 годишнината од основањето на електропреносниот систем оператор на Косово - КОСТТ и шест месеци од почетокот на работата на компанијата како независна контролна област во рамките на контролниот блок формиран заедно со албанскиот систем оператор ОСТ.

На официјалната церемонија која се одржа на 01.07.2021 год, пред присутните гости, премиерот на Косово и други високи претставници од политичкиот врв на Косово, амбасадори, претставници од ЕНТСО-Е и други меѓународни чинители на енергетскиот сектор беа презентирани низа развојни планови на КОСТТ.

Првиот човек на КОСТТ г-н Мустаф Хасани изрази задоволство од досегашната соработка со АД МЕПСО како и од поддршката добиена од раководството на компанијата. “Благодарност до мојот колега Куштрим Рамадани од Република Северна Македонија, кој во најтешките моменти, кога имавме ограничувања во интерконекциите, најде решение како да му помогне на КОСТТ”.

Во декември минатата година, АД МЕПСО и КОСТТ склучија оперативен договор за организирање аукции за закуп на расположиви преносни капацитети со што се создадоа услови за директно тргување со електрична енергија меѓу двете земји.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.