• АД МЕПСО на македонско-романски економски форум
  • АД МЕПСО на македонско-романски економски форум
  • АД МЕПСО на македонско-романски економски форум

АД МЕПСО на македонско-романски економски форум

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

АД МЕПСО учествуваше на македонско-романскиот бизнис форум што на 30.06.2021 год се одржа во Скопје.

Целта на форумот беше да се продлабочи економската соработка меѓу двете земји, да се овозможи вмрежување на претставници од компаниите од Романија и РС Македонија и пред потенцијалните инвеститори- бизнис компании од Романија да се промовира бизнис климата за инвестирање во нашата земја. Во рамки на форумот, а во насока на интензивирање на соработката на ниво на бизнис заедницата и размена на позитивни искуства, од страна на шефот на кабинет г-н Имер Далипи и советникот г-н Саљи Рамадани беа остварени билатерални средби со претставници на две романски компании од секторот енергетика ( Electroalfa Internacional SA Botosani I Transelectrica) .

Форумот беше организиран од страна на Стопанската комора на Р.С. Македонија, под покровителство на МНР.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.