• Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан
  • Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан
  • Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан
  • Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан
  • Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан

Продолжуваат подготовките за изградба на 400 кV далекувод Битола –Елбасан

Рејтинг на корисник: 3 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

      Електропреносните систем- оператори на Р. Северна Македонија и на Р. Албанија, АД МЕПСО и ОСТ  ги продолжуваат подготовките за поврзување преку новиот интерконективен далековод.

      Во седиштето на ОСТ во Тирана се одржа работна средба на менаџерските тимови на двете компании со цел размена на информации за моменталната состојба околу проектот за интерконекција на С.Македонија и Албанија. Генералниот директор на АД МЕПСО Куштрим Рамадани и администраторот на ОСТ, г-н Скерди Дренова, споделија информации во врска со деталите на изведбениот проект и договорија формирање на мешовите работна група составена од инженери и раководители на двата систем оператори, која ќе има задача да ги координира и забрза активности на терен за изградба на 400 кV интерконективен далековод. Првата средба оваа работна група ќе ја има на крајот на април.

      На работниот состанок кој помина во духот на меѓусебно почитување и подготвеност  за понатамошно развивање на односите и за активна соработката помеѓу менаџерските тимови на двете компании, од македонска страна беа присустни и Борко Алексовски директор на Оператор на преносна мрежа при АД МЕПСО и проект менаџерот Ветон Шаипи, а од албанската страна директорите Дорјан Сејамини и Сокол Дишница .

     Во капиталниот проект кој опфаќа изградба на 400 кV далековод во должина  од 97 километри од Битола до македонско –албанската граница и нова 400/110 кV трансформаторска станица во близина на Охрид, ќе се вложат 35 милиони евра.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.