• МЕПСО и КОСТТ создадоа услови за директна трговија со електрична енергија меѓу двете земји
  • МЕПСО и КОСТТ создадоа услови за директна трговија со електрична енергија меѓу двете земји
  • МЕПСО и КОСТТ создадоа услови за директна трговија со електрична енергија меѓу двете земји

МЕПСО и КОСТТ создадоа услови за директна трговија со електрична енергија меѓу двете земји

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

МЕПСО и КОСТТ, електропреносните систем-операторите на Македонија и на Косово, склучија оперативен договор за организирање аукции за закуп на расположливи преносни капацитети со што создадоа услови за директно тргување со електрична енергија меѓу двете земји. 

Оперативниот договор што го склучија м-р Куштрим Рамадани, генералниот директор на МЕПСО и Мустафа Хасани, генералниот извршен директор на КОСТТ овозможи денеска да биде реализирана првата дневна аукција за закуп на расположливи преносни капацитети во двата правци на 400 киловолтниот далекувод со кој се поврзани двете земји. По тој повод денеска во работна посета на МЕПСО присуствуваа високи претставници на КОСТТ.

Ова е многу значаен ден за двата систем-оператори. Затоа што се овозможува учесниците на пазарите за електрична енергија во двете земји да учествуваат на аукции и да закупат прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија. Договорот меѓу МЕПСО и КОСТТ и создавањето на услови за трговија со електрична енергија меѓу двете земји е уште еден важен чекор кон создавање на регионален пазар и негова идна интеграција во едиствениот пан европски пазар на електрична енергија, истакна Рамадани.

Косовскиот систем – оператор КОСТТ од денеска доби можност да организира аукции на прекугранични расположливи капацитети со соседните земји. Периодот до 14 декември беше дефиран како временска рамка во која беа успешно реализирани сите технички и правни предуслови кои овозможија КОСТТ да почне да работи како контролна област во рамките на контролниот блок формиран заедно со албанскиот систем оператор ОСТ. 

Во своето обраќање Мустафа Хасани, генералниот потенцираше: 

Овој договор е продолжение на исполнувањето на обврските коишто произлегуваат од членството во ЕНТСО –Е, и негова цел е развој на регионалните пазари на електрична енергија и зајакнување на сигурноста на напојувањето за граѓаните од двете земји.

Аукциите во име на двата систем –оператори ќе ги организира и спроведува аукциската куќа специјализирана за оваа дејност СЕЕ – ЦАО со седиште во Подгорица, Црна Гора. МЕПСО и КОСТТ се коосновачи на СЕЕ ЦАО заедно со систем-операторите од Црна Гора, Албанија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина и Турција. СЕЕ ЦАО организира годишни, месечни и дневни аукции за закуп на расположливи капацитети за пренос на електрична енергија меѓу овие земји. Оваа аукциска куќа е основана со цел од еден центар да се организираат аукции меѓу повеќе соседни електропреносни системи и со тоа да се намалат трошоците и да се овозможат фер услови за сите учесници на пазарите на електрична енергија на регионално ниво.

Преносните систем-оператори се гаранти на функционалноста на единствен пазар на електрична енергија затоа што се надлежни и одговорни да овозможат стабилност и сигурност во управувањето со националните електропреносни системи што е клучен предуслов за да може да се воспостави и да профункционира единствен пазар на електрична енергија. 


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.