Месечна аукција за aFRR и mFRR балансен капацитет за 2021 година

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.
Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 14.12.2020 (понеделник) одржа годишна аукција за aFRR балансен капацитет. На оваа аукција не се пријави ниту еден давател на балансни услуги. Со цел обезбедување системски услуги за задржување на сигурноста на системот, АД МЕПСО ќе воведе дополнителни месечни аукции за набавка на aFRR балансен капацитет, најмалку 15 дена пред месецот за испорака, за секој месец од 2021 година. Количините за набавка остануваат како што се објавени на web страната на АД МЕПСО во делот на Пазар на балансна ЕЕ, за секој месец соодветно. 

Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 16.12.2020 (среда) ќе одржи: 

     -   Месечна аукција на aFRR и mFRR балансен капацитет за месец јануари 2021 година 

Поради тоа што ММС интернет платфорамата има технички проблеми и не работи, сите даватели кои ќе учестуваат на аукцијата се должни на 16.12.2020 година, точно во 14:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. На сите даватели на балансни услуги по email ќе им биде испратен урнек за месечните аукции за набавка на  aFRR и mFRR балансен капацитет за месец јануари.
GOT (Gate opening time) – 14:00 h
GCT (Gate closure time) –   14:00 h

© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.