• МЕПСО започна со модернизација на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје
  • МЕПСО започна со модернизација на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје
  • МЕПСО започна со модернизација на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје
  • МЕПСО започна со модернизација на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје

МЕПСО започна со модернизација на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица 400/110 kV „Скопје 4“ и со овој проект ќе се замени со нова високонапонска опрема која е во функција над 40 години. Ревиталзацијата на најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје со квалитетна електрична енергија е проект во кој ќе бидат вложени 4,9 милиони евра. По тој повод денеска Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски и м-р Ева Шуклева остварија работна на трафостаницата каде во тек се градежни активности на две полиња.

Сугарески во својство на претставник на Министерството за транспорт и врски – единствен акционер во МЕПСО при посетата рече дека на терен се реализираат сериозни инвестиции во електропреносниот систем од кои само тековните проекти во четири трафостаници се вредни над 7 милиони евра.

-Ваквите инвестиции што ги прави МЕПСО се од огромно значење, пред се за непречено снабдување со струја на граѓаните и компаниите, заради подобро работење, подобро живеење и стимулирање на економски раст и одржување на стабилност во енергетскиот сектор, истакна Сугарески.

Шуклева нагласи дека со реконструкцијата на трафостаницата ќе се добие поголема стабилност, помалку испади и помалку средства за одржување, со што, како што рече ќе се подобри и климата за инвестиции во индустриските зони, а ќе има и поквалитетно напојување за граѓаните.

 -Ова е првата 400 киловолтна трафостаница во земјава изградена во 1978 година и ова е најголемата реконструкција од постоењето и изградбата на оваа трафостаница. Инвестицијата е 4,9 милиони евра, поддржана со кредит од Европската банка за обнова и развој. Договорот е потпишан со изведувачот Кончар, а има и македонски подизведувачи. Битноста на оваа реконструкција е затоа што од оваа трафостаница се напојуваат 110 киловолтните трафостаници во 70 отсто од регионот на Скопје и околината, меѓу кои се и индустриската зона Бунарџик, аеродромот, централното градско подрачје, изјави Шуклева по увидот во реконструкцијата.

Со овој проект е опфатена промена на прекинувачи, разделувачи, мерни трансформатори и за набавка на системи за далечински надзор и управување (SCADA) како и системи за релејна заштита. Изведувач на работите е „Кончар“ од Р.Хрватска.

Модернизацијата има за цел да ја подобри доверливост и квалитет на напојувањето со електрична енергија, да ја зголеми флексибилност во управувањето , а истовремено да ги намали ризиците од испади и да ги сведе на минимум трошоците за одржување и експлоатација со постројката.

Овој проект е дел од кредините аранжмани со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестициски пакет вреден над 50 милиони евра во кој е предвидена ревитализација на 9 трансформаторски станици, изградба на 6 далекуводи во националната преносна мрежа, изградба на нова 400/110 kV трафостаница кај Охрид и изградба на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува нашиот и албанскиот електроенергетски систем.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.