• Работна средба на раководствата на АД МЕПСО и на грчкиот електропреносен систем-оператор IPTO
  • Работна средба на раководствата на АД МЕПСО и на грчкиот електропреносен систем-оператор IPTO

Работна средба на раководствата на АД МЕПСО и на грчкиот електропреносен систем-оператор IPTO

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

На 16.01.2020 година, тимот на АД МЕПСО предводен од генералната директорка м-р Ева Шуклева оствари работна средба со тимот на грчкиот електропреносен систем оператор IPTO предводен од главниот извршен директор Manos Manousakis, во просториите на АД МЕПСО во Скопје.

Работните тимови на двата соседни електропреносни систем-оператори разменија искуства и информации од доменот на оперативното работење и регионалната соработка на систем – операторите од регионот на југоисточна Европа, во насока на исполнување на обврските превземени со членството на двата систем – оператори во ENTSO-E, земајќи ги во предвид европските регулативи од областа на електроенергетиката.

Во духот на добрата меѓусебна соработка на двата електропреносни оператори, беа разменети информации во врска со тековните и идните инвестициски активности и проекти на двете компании, а воедно на средбата се разговараше и за нови можности за идни соработки меѓу двете компании.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.