• Работна посета на ТС „Струмица 2“, се менуваат најстарите прекинувачи во преносната мрежа

Работна посета на ТС „Струмица 2“, се менуваат најстарите прекинувачи во преносната мрежа

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
МЕПСО со сопствени средства и со сопствени човечки ресурси започна процес на промена на 31 прекинувач во 18 трансформаторски станици во преносната мрежа.

По тој повод денеска во ТС „Струмица 2“ во работна посета гости на м-р Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО беа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претставник на акционерот т.е. Министерството за транспорт и врски и струмичкиот градоначалник Коста Јаневски. Во оваа трафостаница МЕПСО ги менува најстарите прекинувачи во преносната мрежи кои, благодарејки на соодветното одржување, доверливо служеа повеќе од 50 години.

Во своето обраќање до новинарите Шуклева потенцираше дека повод за оваа работна посета на трафостаницата „Струмица 2“ е замената на најстарите прекинувачи во нашата преносна мрежа кои , благодарејќи на соодветното стручно одржување служеа повеќе од 50 години.

-Сега ги заменуваме со прекинувачи, од најновата генерација, чија одлика, меѓу другото, е тоа што за најкратко време можат да го изгаснат електричкиот лак што се јавува при манипулација (вклучување и исклучување на прекинувачот). Како медиум за гасење прекинувачот коирсти SF 6 гас кој во праксата во светски рамки се покажа како најефикасен, најбрз и најдоверлив медиум за клучната функција на прекинувачот.

Оваа активност во ТС „Струмица 2“ е дел од проект што АД МЕПСО го финансира со сопствени средства и го изведува со сопствени сили. Станува збор за вложување од 650.000 евра за набавка на 31 нов 110 kV прекинувач кои во рок од две години ќе ги монтираме и ставиме во функција во вкупно 18 трансформаторски станици вмрежени во преносната мрежа, рече Шуклева.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.