Известување за технички проблеми со интернет платформата ММS и спроведување на аукциите за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Согласно Правила за балансирање на електроенергетскиот систем член 12 став (3) и став (4), АД МЕПСО го набавува mFRR балансен капацитет и енергија преку интернет платформа. Во исклучителни случаи на технички проблеми АД МЕПСО ги прибира понудите со помош на други начини на комуникација, на пр. електронска пошта (e-mail). АД МЕПСО е должен навреме ги информира сите регистрирани BSP за вакви исклучителни ситуации заедно со причините, преку e-mail и со објавување на информациите на својата интернет страна.

Согласно горенаведено, АД МЕПСО ги известува BSP дека интернет платформата MMS на која се доставуваат понудите за mFRR балансен капацитет и енергија има технички проблеми и не работи.

  • Оние BSP кои сакаат да учествуваат на Mесечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија за месец ноември се должни точно во 14:00 на 19.10.2020 да ги доставаат понудите на еmail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Форматот на понудите во која треба да се испратат, ќе биде пратена до сите BSP по email.
  • Оние BSP кои сакаат да учествуваат на Day-ahead аукција за набавка на mFRR балансна енергија за денот Д се должни точно во 13:00 на денoт Д-1 да ги доставаат понудите на еmail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Форматот на понудите во која треба да се испратат, ќе биде пратена до сите BSP по email.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.