АД МЕПСО на 16-то меѓународно советување на БХ К/О CIGRE

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Бројни експерти, креатори на политиките, претставници на енергетски компании од регионот и фирми производители, во изминативе три дена учествуваа на 16-то советување на големи електроенергетски системи, на босанскохерцеговскиот комитет CIGRE кое се одржа во Неум, БиХ.
На бројните панели, реферати и стручни презентации беа споделени искуства и понудени различни технички решенија во однос на постоечките и идни предизвици со кои се соочуваат речиси сите електроенергетски системи а фокусот на разговорите беше енергетската транзицијата, интеграцијата на новите производни капацитети од обновливи извори на енергија на преносната и дистрибутивната мрежа и редизајнирање на регулаторните и пазарните алатки.
На овој настан, меѓу 133 пријавени трудови, со своја презентација посветена на тековните проблеми во управувањето со електроенергетските системи, влијанието на обновливите извори на енергија и можности за нивна регулација во електромрежата на РС Македонија, учествуваа и колегите Ванчо Шахпаски, Доне Аспровски и директорот на ОЕПС Гоце Михајловски.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.