Повеќе од 350 инженери од земјава и странство се дел од меѓународното советување што во организација на Националниот комитет во Сигре од денеска се одржува во Охрид. На овој водечки собир во областа на електроенергетиката во следниве два дена ќе бидат презентирани 81 експертски трудови на автори кои ќе ги прикажат своите истражувања и практични искуства од работата во електронергетскиот сектор.
Сите вие, професионалци сте доказ дека со безрезервно давање поддршка, помагање во енергетските процеси и со несебичното вложување на своето знаење и искуство се постигнуваат видливи резултати кои многу значат во овој сектор, рече во своето обраќање генералниот директор Zuhdi Enuz.
Заеднички именител на денешните обраќање беше потребата од млад инженерски кадар, неопходноста да се фокусира цлата држава за да ги задржи и поддржи студентите кои се иднина за државата особено за електроенергетскиот сектор.
Живееме во предизвикувачки период во електроенергетиката во кој се случуваат промени во делот на ОИЕ, складирањето на енергија, дигитализацијата, стабилноста на системот, променливоста на цените на електричната енергија. Овие и многу други проблеми и теми ја прават динамична и интересна состојбата во секторот, рече претседателот на Националниот комитет на Сигре за Република Северна Македонија, Сашо Салтировски.
АД МЕПСО активно ја поддржува организацијата на ова советување. Оваа година МЕПСО е дијамантски спозор на Мако Сигре.