• АД МЕПСО на конференција за енергетски предизвици кон транзиција и одржливост
  • АД МЕПСО на конференција за енергетски предизвици кон транзиција и одржливост
  • АД МЕПСО на конференција за енергетски предизвици кон транзиција и одржливост
  • АД МЕПСО на конференција за енергетски предизвици кон транзиција и одржливост

АД МЕПСО на конференција за енергетски предизвици кон транзиција и одржливост

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани учествува на регионалната конференција за енергетика која денеска се одржува во Тирана , Албанија.
Овој настан на едно место ги собра претставниците на енергетските компании од Албанија, Косово, Македонија и Грција, претставници на ЕБОР, Европската Комисија и Светска банка кои говореа за перспективите за креирање политики за создaвање услови за инвестирање,за индустриските предизвици и придонесот на бизнисот, за перспективите на регионалниот пазар и др.
Во рамки на своето обраќање, Муртезани посочи дека македонската енергетска стратегија ги следи стратешките цели на ЕУ за транзиција на чиста енергија но упати и на фактот дека поради повеќекратно зголемениот интерес за проекти за ОИЕ со кои се надминуваат долгорочните прогнози од зеленото сценарио, АД МЕПСО се соочува со предизвик како ОИЕ да се интегрираат во системот.
Клучен аспект е оптимизација на процесот на балансирање и резервите. Операторите на електропреносните системи треба да соработуваат за прекугранично споделување и размена на оперативни резерви и треба да се забрза реализацијата на проекти за складирање на електрична енергија – како што се батерии, пумпни хидроцентрали и флексибилни гасни единици, рече меѓу другото Муртезани.
Организатор на конференцијата е Асоцијацијата на странски инвеститори од Албанија.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.