• АД МЕПСО на меѓународна конференција “Енергетика 2022”

АД МЕПСО на меѓународна конференција “Енергетика 2022”

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО се соочува со наплив на барања за приклучоци за обновливи извори на енергија. Одамна е надминато “зеленото” сценарио од националната Стратегија за што говори фактот дека досега се пристигнати барања за приклучување на производни капацитети од 1,3 GW ветерни централи и 4,7 GW  фотонапонски електрични централи, рече директорот на подружницата ОЕПС, Борко Алековски на трибината што се одржа во рамки на меѓународната конференција на здружението на енергетичари-ЗЕМАК во Струга.

Интегрирањето на ОИЕ е вистински предизвик за операторите на преносните системи. Компанијата прави долгорочни прогнози и претпоставки колку од тие објекти реално би биле приклучени на мрежата за да може да се направат дополнителни инвестиции за зајакнување на преносната мрежа и за да можат истите да произведуваат електрична енергија. Во моментов работиме на стратешка инвестиција од 1200 MW  што треба да се приклучат во штипскиот регион и уште 600 MW во западна Македонија, потенцира тој пред претставниците на енергетските компании и експерти од земјава и од странство.

Во однос на улогата на АД МЕПСО за стабилноста на електроенергетскиот систем во услови на енергетска криза, Алексовски подвлече дека согласно правилата што компанијата ги има во рамки на ENTSO-e, нејзини главни обврски и можности  се да обезбеди максималко искористување на внатрешните и интеконективните преносни капацитети како и оптимално искористување на системските резерви.

Во рамки на дводневната конференција АД МЕПСО доби признание за придонес во организација на досегашното работење на ЗЕМАК.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.