• Спречувањето на продлабочувањето на енергетската криза
  • Спречувањето на продлабочувањето на енергетската криза

Спречувањето на продлабочувањето на енергетската криза

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Спречувањето на продлабочувањето на енергетската криза е наш приоритет, за што континуирано работиме, а во насока на оваа цел, денеска на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со премиерот на Грција Киријакос Микотакис, се разговараше за енергетската перспектива на нашата земја и за важноста на регионалната соработка .
Наредниот период се очекува заладување на времето во кој случај потрошувачката на електрична енергија автоматски се зголемува, затоа интензивно се работи на обезбедување на енергенси потребно за производство на електрична енергија. Во оваа насока, постигнавме договор за непречена набавка и испорака на енергенси (јаглен и мазут) од Грција во Северна Македонија за потребите на домашното производство на електрична енергија.
Инаку, во рамките на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и грчкиот премиер, дел од делегацијата беше и генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани.

© 2022 МЕПСО. Сите права се задржани.