Во оваа насока, бројот на стипендисти кои ќе ги финансира МЕПСО за студии на Универзитетот „Мајка Тереза“ од три се зголемува на шест, додека практична работа во нашата компанија ќе имаат и студенти од техничките науки. Ова се прави со цел студентите да ги зајакнат стекнатите теоретски знаења со практични вештини. Бидејќи практиката е клучен дел од професионалната обука, разгледана е и можноста за одржување практични предавања од експерти на МЕПСО во УМТ.
Соработката, денеска беше дефинирана на средбата на генералниот директор на МЕПСО, г. Орхан Муртезани, со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. Др. Изет Зеќири.