• АД МЕПСО на CIGRE во Париз
  • АД МЕПСО на CIGRE во Париз

АД МЕПСО на CIGRE во Париз

Рејтинг на корисник: 1 / 5

Активна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Од 28 август до 2 септември во Париз се одржува 49-та конференција на меѓународната енергетска асоцијација CIGRE. На овогодинешниот водечки настан на електроенергетските системи и индустрија учествуваат над 300 меѓународни компании, регулатори, креатори на политиките и други засегнати страни во електроиндустријата. На оваа конференција присуствуваат генералниот директор на АД МЕПСО г-н Orhan Murtezani и претседателот на надзорниот одбор г-н Николче Ацевски.

Теми на кои ќе се говори се енергетската транзиција на енергетската опрема, потребата од промени во планирањето и дизајнот на преносните и дистрибутивните системи и редизајнирање на регулаторните и пазарните алатки.

Пред повеќе од 3600 делегати, етаблирани експери, искусни практичари  и млади професионалци од 90 земји во светот, CIGRE дава единствена можност, во услови на глобална енергетска криза да се споделат искуствата, да се понудат различни технички перспективи за решавање на постоечките и идни предизвици со кои се соочува електроенергетскиот систем  и да се здружат силите за да се подобрат постоечките и да се изградат нови енергетски системи од производство до дистрибуција на електрична енергија.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.