СООПШТЕНИЕ

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

СООПШТЕНИЕ

АД МЕПСО како оператор на националниот електропреносен систем чија дејност е непрекинат и доверлив пренос на електрична енергија до сите потрошувачи, врз основа на сеопфатни анализи и пресметки, и согласно Правилникот за определување на максимален приход на АД МЕПСО, во предвидениот рок достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на преносната тарифа. За периодот од 01.07.2022 до 01.07.2023 година, АД МЕПСО бара зголемување на регулираната тарифа за пренос за 68 % како единствено решение во услови на се посложена ситуација на пазарот на електрична енергија. Најголемо влијание во ова барање за зголемување има:

  • Зголемувањето на трошоците за обезбедување системски услуги кои во најголем дел се обезбедуваат од страна на ЕСМ
  • Золемените трошоци за набавка на електрична енергија за обезбедување на загубите во преносната мрежа а кои се набавуваат на отворениот пазар

Причините за ваквото барање се повеќеслојни и не се должат на влошени резултати во работењето на компанијата, туку на објективни причини врз кои АД МЕПСО нема никакво влијание. Енергетската криза која почна да се засилува од втората половина на минатата година  значително влијаеше на зголемените цени на електричната енергија на светските берзи, што во значителна мера ги зголеми пред се трошоците за покривање на загубите во мрежата.

Како илустрација ќе го посочиме фактот дека минатата 2021 година, АД МЕПСО за покривање на загубите во мрежата потроши 8,6 милиони евра, а за оваа година поради високите берзански цени на електричната енергија, се проценува дека ќе бидат потребни околу 26,7 милиони евра.

Со претходното барање за корекција на преносната тарифа што АД МЕПСО го достави до РКЕ, беше барано 88 % зголемување но регулаторната комисија одобри 23,7%.

И покрај високиот процент кој го бара АД МЕПСО за следните 12 месеци, сакаме да потенцираме дека учеството на преносната тарифа на АД МЕПСО нема големо влијание врз крајната цена на електричната енергија за потрошувачите и таа изнесува околу 4 %. Единствениот приход што го остварува АД МЕПСО е преносната тарифа која ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Средствата од пренос на електрична енергија се најголемиот извор на финансии од каде компанијата ја обезбедува својата ликвидност и се покриваат инвестициите во преносниот систем кои вклучуваат реализација на планираните проекти  и редовно сервисирање на преносната мрежа. 


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.