VIA IGNACIA ENERGIA

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Премиер, министри, градоначалници, претставници на меѓународни финансиски институции, регулаторни тела, компании, изведувачи...

Почетокот на изградбата на далеководот за енергетско поврзување на Р. Северна Македонија и Р. Албанија како ретко кој настан во изминатиот период предизвика внимание во јавноста, не само поради огромно значење за регионот, туку и како потврда дека инвестициите во инфраструктурата се можни дури и во отежнати услови на пандемија.

Од местото во триаголникот меѓу општините Охрид, Струга и Дебрца каде ќе се гради новата 400/110 kV трансформаторска станица, се пренесоа пораки кои одамна сакаат сите да ги слушнат, а се однесуваат на електроенергетското поврзување на нашата земја со сите соседи , како и на можноста да се обезбеди поголема стабилност, сигурност и доверливост на нашиот електроенергетски систем и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија.

Проектот отвора исклучителни економски потенцијали, а присутните како подеднакво важни ги посочија и градењето добрососедски односи, поврзувањето на народите, културниот и социјалниот просперитет. Мапата која што го покажува патот на далноводот е веќе зацртан патоказ, а нејзиното преточување во реалност беше означена со симболичен почеток на бетонирањето и вклучување на градежната механизација. Машините нема да запрат до 2023 година за кога е предвидено завршување на овој проект вреден 50 милиони евра.


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.