Јавна покана за доставување понуда

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Врз основа на член 19 од Статутот на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, (Сл. весник на Р.М. бр. 215/2019), а во врска со член 78, став (2) од Законот за енергетика на Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија“ бр.96/2018), Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа одобрени со Решение на РКЕВУ бр. 12-3381/2 од 18.11.2018 година и член 23, став 1, точка 10 од Законот за јавни набавки (Сл весник бр.24/2019), АД МЕПСО објавува:

 

ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЈП-02/2021

 

Почитувани,

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем АД МЕПСО спроведува постапка за доделување на договор за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за октомври и ноември 2021 година со јавен повик за поднесување понуди со објавување оглас број. ЈП – 02/2021 согласно Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреноснaта мрежа, одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за обезбедување на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за октомври и ноември 2021 година, најдоцна до 07.09.2021 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на долу наведената адреса или лично со поднесување во архивата на АД МЕПСО.

На веб-страницата на АД МЕПСО - www.mepso.mk, ќе биде објавена и документацијата за јавниот повик која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Документацијта се состои од следните делови: инструкции за понудувачите, технички спецификации, модел на договор и образец на понудата.

Понудувачите,  комплетна Документација и ПАКЕТ на Документи за апликација, можат да ја подигнат во просториите на АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, Скопје, кат III, соба бр. B6 од 11:30 до 14:30 часот, или на нивно барање може да им се достави по пошта, при што треба да приложат доказ за извршена уплата во висина од 50,00 Евра на сметка:

  • денарска сметка:
250010100845336 - Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје или
210059337810365 - Тутунска Банка Скопје или
200001086598648 - Стопанска Банка Скопје или
320000000076830 - Централна Кооперативна Банка Скопје
  • девизна сметка:
IBAN: MK 07250901000383085,
SWIFT: INSBMK22; Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје,
  • број на сметка:
1470100038307

со назнака на уплатата: за Јавна покана бр. ЈП-02/2021

Адреса: ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,

   Контакт лице: Ненад Јовановски, тел: ++ 389 75 437 427,  

електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

           Отварањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 07.09.2021 година во 11.00 часот (по локално време) во просториите на АД МЕПСО на ул. Максим Горки бр.4 Скопје Република Северна Македонија.

АД МЕПСО – Скопје

Тендерската документација е достапна на следниот ЛИНК 


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.