• Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип
  • Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип
  • Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип
  • Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип
  • Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип

Завршена е сеопфатна ревитализација на ТС Пробиштип

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Работите во оваа трафостаница започнаа минатата година со промена на прекинувачи на 110 kv далековод  од ТС Пробиштип до ТС Неокази, заради пуштање на новиот вод и новата опрема во ТС Неокази.

Понатаму, тие продолжија оваа година и во целост  е променета примарната опрема во трансформаторската станица Пробиштип, која беше во функција повеќе од 40 години. Во рамки на редовното одржување заменети се прекинувачите и раставувачите во трафостаницата како и одводниците на пренапон.

На 110 kV поле кон  ТС Неокази, кон ТС Куманово 1, на 110 kV спојно поле и на две 110 kV трафо полиња, заменети се прекинувачи, раставувачи, струјни и напонски мерни трансформатори, одводници на пренапон, овесна опрема и јажиња на собирници...

Со завршување на активностите на замена на примарната опрема во оваа трансформаторска станица, таа е доведена во одлична состојба со висок степен на доверливост за потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа во источниот регион на РСМ.

Процесот на ревитализација го спроведоа стручните екипи на подружницата ОПМ при АД МЕПСО.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.