• м-р Шуклева за предизвиците и активностите на АД МЕПСО на „Македонски енергетски форум 2020“

м-р Шуклева за предизвиците и активностите на АД МЕПСО на „Македонски енергетски форум 2020“

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
м-р Шуклева учествуваше како панелист на годинешново издание на најреномираниот енергетски форум во земјава „МЕФ 2020“. Овој форум и годинава ги собра најеминентните стручни лица кои говореа и споделуваа мислења и искуства за актуелни предизвици во регионалната енергетика и глобалните геостратешки импликации врз регионалните енергетски токови со особен аспект на мерките и активностите за заштита на животната средина.

м-р Ева Шуклева денеска ги презентираше најзначајните активности на АД МЕПСО за решавање на енергетските предизвици на панелот со работен наслов „Предизвици на регионалната енергетска интеграција во согласност со енергетските приоритети на ЕУ и Зелениот договор 2050“.

Нејзини соговорници беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Дејвид Гир, шеф на мисијата на делегацијата на ЕУ во земјава, како и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, Анди Аранитаси и заменикот директор на секретаријатот на Енергетската заедница, Дирк Бушле .

На свеченото отварање на „МЕФ 2020“ денеска се обратија преседателот на Владата Зоран Заев и американската амбасадорка во Скопје Кејт Мери Брнс.

Презентацијата на м-р Шуклева на следниот линк 

Повеќе информации на www.mef.mk

© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.