Согласно Правилата за балансирање и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, АД МЕПСО спроведува месечни аукции за набавка на mFRR капацитет. Аукцијата за набавка на mFRR балансен капацитет за месец март ќе се реализира на 14.02.2020 година (петок). Количините кои ќе бидат предмет на набавка за месец март се поставени на веб страната во делот за Пазар на балансна Е.Е.
Времето на започнување на аукцијата за доставување на понуди е 09:00 часот додека времето на завршување на аукцијата е 14:00 часот.
Аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец март
- Посети: 1568